Љубов: Ќе се трудите да бидете максимално заводливи, а во тоа и ќе успеете ако не претерате со своите принципи. Вториот дел од седмицата е малку полежерен, но и поволен за љубов. Низ патувања ви се отвораат нови лични поглавја.
Работа: Пред вас се денови кога навистина ќе имате можност да покажете сè што знаете. Затоа, освестете се за своите таленти, потсетете се на своите практични знаења во струката, а ако треба нешто и усовршете. Вратите ќе ви бидат отворени.
Здравје и совет: Силни сте со духот, но и со телото.