Една од британските пивари се приклучила во славењето на кралското венчање меѓу принцот Вилијамс и Кејт Мидлтон.
Тие произвеле лимитирана количина од пивото кое во себе има Вијагра, со што дејствува симулативно на сексуалниот апетит. Пиварата планира неколку шишиња пиво да му испрати на прицот за да има незаборавна прва брачна ноќ.
Пивото се вика "Royal Virility Performance", а во себе покрај Вијаграта содржи чоколадо и билка "Horny Goat" за која исто така се верува дека ја потикнува сексуалната желба. Пивото во продажба ќе се пушти ден пред свадбата 28 април, а ќе може да се купи преку интернет.
Пиварата ќе произведе само 1000 вакви пива и ќе се продаваат по цена од 10 фунти. 20% од заработката ќе се биде уплатено во хуманитарната организација "Centerpoint", во која членува и принцот Вилијамс.