Еден кинески писател е спремен да потроши 153.000 долари на пластична операција за да изгледа како британскиот писател Вилијам Шекспир, известува весникот Shanghai Daily.
Жанг Јији ќе се подложи на 10 операции на лицето во текот на 10 месеци, за да изгледа како драмскиот писател од 17-от век, за да можат „луѓето ширум светот да жалат“ по еден од најголемите светски писатели и драматурзи.
Експертите велат дека е можно да се постигне сличноста, бидејќи Жанг имал исклесано лице, со остар нос и длабоко всадени очи.
„Живот е процес на тежнеење да се стане подобра личност. Мислам дека операциите вредат секоја пара што ќе ја дадам“, го цитира весникот Жанг. Тој ќе ги троши парите кои ги заработил од новата книга, за чие пишување ми биле потребни четири години, а ја пишувал со единствена цел да плати за операциите.
Ова не е првпат Жанг да се најде во фокусот на вниманието на медиумите. Во 2006 година, тој и напиша писмо со кое и предложи брак на една позната кинеска ТВ водителка и во писмото наведе список со причини зошто таа би требало да се омажи за него.