Семејната тајна на Rihanna е откриена – пејачката има две постари сестри и брат од минатите врски на нејзиниот татко Ronald.
Пејачката веќе има два помлади браќа од 14-годишниот брак на Ronald со нејзината мајка Monica. Но, сега Ronald откри дека има уште три деца со три различни жени.
Најстарата полусестра на Rihanna е 32-годишната Kandy која првпат ја запознала пејачката кога имала само 15 години. Kandy, вработена како асистент фармацевт на Барбадос, вели дека нејзините две ќерки кои имаат 14 и 11 години, се извонредно горди на нивната тетка.
“Моите ќерки и онака сметаа дека нивната тетка е забавна, а сега го обожаваат фактот што таа е една од најпознатите пејачки на светот. Ја сакаат нејзината музика и секогаш на глас ги пеат нејзините песни,“ вели Kandy.
Ronald вели дека Rihanna има 30-годишна полусестра Samantha и 27-годишен брат Jamie.