Број на мислења : 345 Points : 1012 Reputation : 2 Join date : 2011-04-17 Age : 33
Предмет: Најкреативните реклами за мај 2011 Пет Јун 10, 2011 10:09 am
Наместо нагласување на бенефициите на производот или услугата која ја промовираат, маркетинг агенциите во денешно време повеќе се концетрираат да направат креативно и интересно промотивно видео, кое ќе стане вирално.
Според тоа, секој месец, Ads of the World одбира три најпопуларни видеа на рекламните агенции низ светот, кои се оценуваат според комбинација на рангирања, коментари, ретвитови, Фејсбук споделувања и други фактори на социјалните медиуми.
Земајќи ја во предвид критичката природа на заедницата, некои тврдат дека потешко е да се добие оваа награда од која и да е друга позната награда за реклами и маркетинг кампањи.
За месец мај 2011, „златото“ му припадна на промотивното видео на Ирското Општество за заштита на децата. Видеото е доста трогнувачкко, а детенцето глуми ненормално добро.
Среброто, или втората награда ја доби белгиската автобуска компанија за јавен превоз De Lijn. А доколку сте се прашувале зошто мравките патуваат во групи, тука можете да го најдете и одговорот
Едноминутното видео кое користи „stop-motion“ техника, наменето за бразилската MTV ја доби бронзата. Приказната е нова, свежа, поинаква, раскажана преку пукање на стотина балони. За да не ви ја прераскажуваме, погледнете:
Којзнае што свежо извадено од креативните „фурни“ ќе видиме наредниот месец...
SKoF Admin
Број на мислења : 57 Points : 90 Reputation : 6 Join date : 2011-04-16 Age : 35 Местолокација : Скопје
Предмет: Re: Најкреативните реклами за мај 2011 Саб Јун 11, 2011 12:41 am