СЕ ЗА СЕ !
Регистрирај се брзо и лесно и стани член на СЕ ЗА СЕ форумот.
СЕ ЗА СЕ !
Регистрирај се брзо и лесно и стани член на СЕ ЗА СЕ форумот.
СЕ ЗА СЕ !
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

СЕ ЗА СЕ !

Само побарајте , ние сме тука за вас - Форум СЕ ЗА СЕ
 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез
Барај
 
 

Display results as :
 
Rechercher Advanced Search
Временска прогноза
Latest topics
» Побарај филм.
10 трикови за помлад изглед Icon_minitimeПет Апр 05, 2013 4:43 am by danielll

» Kung Fu Panda 2
10 трикови за помлад изглед Icon_minitimeПон Окт 17, 2011 12:15 am by SKoF

» Ако ве нервира Winamp!
10 трикови за помлад изглед Icon_minitimeПон Jул 25, 2011 5:08 pm by SKoF

» Побарај превод.
10 трикови за помлад изглед Icon_minitimeПон Јун 13, 2011 6:37 pm by CORBA

» Најкреативните реклами за мај 2011
10 трикови за помлад изглед Icon_minitimeСаб Јун 11, 2011 12:41 am by SKoF

» НБА: Далас поведе со 3:2
10 трикови за помлад изглед Icon_minitimeСаб Јун 11, 2011 12:13 am by SKoF

» 10 трикови за помлад изглед
10 трикови за помлад изглед Icon_minitimeПет Јун 10, 2011 10:13 am by STEFI

» Случувања- 10 Јуни
10 трикови за помлад изглед Icon_minitimeПет Јун 10, 2011 10:05 am by STEFI

» Случувања- 07 Јуни
10 трикови за помлад изглед Icon_minitimeВто Јун 07, 2011 4:22 pm by STEFI


 

 10 трикови за помлад изглед

Go down 
АвторПорака
STEFI

STEFI


Број на мислења : 345
Points : 1012
Reputation : 2
Join date : 2011-04-17
Age : 33

10 трикови за помлад изглед Empty
ПишувањеПредмет: 10 трикови за помлад изглед   10 трикови за помлад изглед Icon_minitimeПет Јун 10, 2011 10:13 am

Поради брзиот животен ритам во денешно време и бројните обврски, често пропуштаме да оддвоиме малку време за себе. Ако мислите дека ваквиот животен стил ве држи „во игра“, да ве потсетиме дека истиот полека ги „таложи“ годините на вашето лице, без и сами да почувствувате.Овие неколку совети може и тоа како да ги „избришат“ годините од вашиот изглед, а вие да се чувствувате многу подобро.

Земајте витамин Д
Витаминот Д е најесенцијалниот за изгледот на вашата кожа. Покрај тоа, влијае и на коските и артериите, важен е за подобро памтење, а помага и во борба против канцерогените болести. Препорачливата доза е 1000 мг дневно, која со тек на време може да ве подмлади и за девет години.

Внимавајте на бројките
Ако редовно внимавате на холестеролот, крвниот притисок, шеќерот, па дури и обемот на вашиот струк, не само што ќе бидете здрави, туку може да изгледате помлади дури за 19 години!

Јадете овошје и јаткасти плодови
Редовното секојдневно консумирање на овошјето и јаткастите плодови не само што ќе ја подобри вашата линија и памтењето, туку може да ви помогне да вратите шест години.

Во исхраната внесете житарици
Не само што ваквиот начин на исхрана ќе помогне да изгледате повитки, туку секојдневното консумирање ќе помогне да изгледате две и пол години помлади.

Намалете го стресо
т
Стресот е еден од најголемите фактори кои придонесуваат за „стариот“ изглед на вашето лице. Ослободувањето може да биде преку јога, медитација или едноставно со практикување на вашето хоби и дружење со пријателите. Стресот „кине“ година ипол од вашето лице.

Спијте
Спиењето е доста важно за изгледот на вашата кожа, бидејќи истата се регенерира додека вие одмарате. Препорачливо е најмлаку шест сати во текот на ноќта, со што би одзеле три години од вашиот изглед. Не заборавајте дека придонесува и во одржувањето на тежината.

Вежбајте
Ако не сте големи мераклии на редовното вежбање, тогаш дневното пешачење не само што ќе ве наполни со енергија и ги подобрува коските, туку ќе избрише 12 години од вашето уморно лице. А ако дополнително вежбате со тегови по 10 минути неколку пати неделно, можете да избришете уште две и пол години од вашиот изглед.

Внимавајте на здравјето на забите
Иако ви се чини чудно, меѓутоа здравите заби и непца помагаат на имунолошкиот систем. Заштитувајќи се од болести, со текот на времето може да „симнете“ и до шест години од вашиот изглед.

Избегнувајте го алкохолот и пијте многу вода
Алкохолот го дехидрира вашиот организам, а со тоа и вашата кожа што води до создавање брчки. Редовната хидратација со 6 - 8 чаши вода дневно може да направи да изгледате многу посвежо, одморено, а и помладо.

Размислувајте позитивно
Кога сте добро расположени и размислувате позитивно, го намалувате стресот и му овозможувате на вашето тело да остане витално, а тоа ќе ве направи и дури до пет години помлади.

Како научниците толку прецизно го пресметале „бришењето“ на години и месеци од нашиот изглед, не знаеме. Меѓутоа секогаш вреди да се проба, бидејќи, нели, во денешно време здравиот начин на живот и помладиот изглед е „ин“.
Вратете се на почетокот Go down
 
10 трикови за помлад изглед
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
СЕ ЗА СЕ ! :: Забава :: Женски муабети-
Отиди до: