Британката Џенет Ричардсон (73) доживеала несреќа на сред Артички океан, кога паднала од крузерот во водата. Капетанот на бродот Ocean Countess повикал спасувачи од Норвешка. Тие дошле по жената со чамец, но таа им се лизнала од носилката во ледената вода.
Спасувачите се обидувале да ја извлечат цели 5 минути, а температурата била - 3 Целзиусови степени.
"Додека тие ја префрлуваа во чамецот, крузерот сеуште пловеше. Шест мажи ја држеа носилката, но сопругата се лизна од неа. Драматично беше да се гледа нејзиниот пад, мислев дека ќе ја изгубам" - кажал нејзиниот сопруг, Џорџ (78).
Проблемот бил што спасувачите не ја врзале носилката со јаже. Наводно тие се брзале бидејќи каснеле за друга задача. Џенет сега е во болница и докторите се борат за нејзиниот живот.