Вистинскиот маж - ќе ти го даде телефонот кога мајка му ќе се јави
Повеќето мажи - се преправаат дека ти не си таму кога ќе се јави мајка им
Вистинскиот маж - тврди дека е феминист ама сепак инсистира да ти ја отвори вратата на автомобилот,да вози и да плати вечера
Повеќето мажи - тврдат дека се феминисти и поради тоа те оставаат тебе да си ја отвориш вратата да го возиш и да платиш вечера.
Вистинскиот маж - си ги има испланирано следните 5 години од животот
Повеќето мажи - не знаат каде вечер
Вистинскиот маж - знае да те опушти
Повеќето мажи - не знаат ни да те насмеат
Вистинскиот маж - гледа Discovery Channel,го чита Достоевски,се занимава со спорт
Повеќето мажи - гледаат телетекс,читаат билтен,играат спортска
Вистинскиот маж - заработува едно чудо пари до 30-та година
Повеќето мажи - се тинејџери до 30-та година
Вистинскиот маж - имаат стажист,адвокат и сметководител
Повеќето мажи - имаат бербер,автомеханичар и келнер
Вистинскиот маж - се плаши да се претвори во својот татко
Повеќето мажи - се плашат да се претворат во вистински мажи
Вистинскиот маж - има свој бизнис
Повеќето мажи - добива отказ
Вистинскиот маж - нарачува вино во ресторан без разлика на цената
Повеќето мажи - и носи пиво од дома