Љубов: До викендот ќе разгледувате разни опции за љубовна стратегија и ќе тежнеете кон одложување и преиспитување на односите. Но, по викендот ќе бидете подготвени да тргнете таму каде што ве води срцето и ќе и се предадете на љубовта до крај.
Работа: Многу очи се вперени кон вас, и од вас многу се очекува. Некои во вас гледаат спас од безизлезната ситуација, а некои пречка за одржување на постоечката лоша состојба која ним им одговара. Бидете максимално професионални и сè ќе биде во ред.
Здравје и совет: Полни сте со енергија, но добро би било почесто да одмарате.