Љубов: Некои ќе се обидат својот однос да го надополнат со динамичен еротски живот, па на тој начин малку да го надополнат досадното секојдневие. Не се работи за досадата, туку за трпението. Од викендот сè ќе биде поинакво. Подобро.
Работа: Повеќето ќе се насочат кон промените во својата фирма. Некои навистина ветуваат, а некои ве вознемируваат. Обидете се да се фокусирате кон позитивното. Така ќе работите посмирено и поквалитетно, а потоа и ќе ве пофалат.
Здравје и совет: Ако ве боли главата, мирувајте. Кој има потреба нека го размрда вратот и рбетот.