Спојувајќи ја љубовта и страста, еден 28-годишен Американец ја побарал за сопруга својата девојка преку крстозбор објавен во дневен весник.
Кори Њумен многу сака да решава вкрстени зборови па сосема природно од редакцијата на „Вашингтон пост“ побарал во своето викенд издание да објави посебен крстозбор со чие решавање се открива реченицата „Марлоу Епстин дали сакаш да се омажиш за мене?“.Името и презимето на младата дама се криеле во колоните 37 и 39 хоризонтално, кои таа ги пополнила одговарајќи на прашањата: „Лик од филмот Вљубениот Шекспир“ и „Сценаристот на филмот Казабланка“, додека во колоната 51 хоризонтално требало да се напишат „Зборовите кои одат со одреден прстен“.
Кога Марлоу, која исто така обожува енигматика, конечно го решила крстозборот, ја видела пораката која и била наменета на неа.Штом на глас ја прочитала волшебната реченица, Кори клекнал пред неа со дијамантски прстен во раката.
Девојката му одговорила „да“ на својот свршеник, објаснувајќи му подоцна на весникот дека била „сосема изненадена од неговиот гест“.