Шеснаесетмесечно бебе го преживеа падот од четврти кат од еден хотел во САД на Флорида, благодарејќи на тоа што паднало во рацете на една туристка од Британија, која оттука минувала.
Туристката Хелен Бирд изјави дека околу 23 часот се одмарала покрај базенот, кога ја видела 16-месечната Јах-Не Мајлс како виси на оградата на балконот. Веднаш истрчала и застанала под балконот и тогаш видела дека девојчето паѓа. Таа успеала да го фати детето, кое и испаднало од рацете, но го спасила со тоа што го ублажила падот.
По прегледот, лекарите соопштија дека девојчето е добро и дека нема ниту ни гребаница.
Дваесетгодишната мајка на детето, која се наоѓала во собата со детето вели дека Јах-Не сигурно се провлекла низ подотворената врата од терасата, додека таа била во бањата.
- Му благодарам на Господ кој го спаси животот на моето дете, како и на госпоѓата која се појави како ангел од небото, изјави мајката на девојчето, Хелена Милер..