Компанијата Kohler дизајнираше напредна WC шоља која автоматски го отвора капакот, поседува греачи на даската и стапалата, како и радио.
„Паметната шоља“ Нуми чини 6.390 долари, а на купувачите ќе им биде понудена наредната недела.
„Ова е најнапредната WC шоља што сме ја измислиле до сега. Кога ќе и се приближите, нејзиниот сензор ве детектира, по што капакот автоматски се крева“, изјави менаџерот Мајк Мербах.
На дизајнерите им беа потребни пет години да ја создадат Нуми. Нејзините сензори не само што го контролираат капакот, туку и даската, што е посебно практично за мажите. Корисниците, исто така, како што пренесува еРепортер, со сите функции можат да управуваат со далечински управувач.
Марбах изјави дека целта било да се напрви едноставна WC шоља, и покрај технологијата што ја поседува.
Технологијата вклучува биде, чиј притисок, температура и млаз на водата можат да се прилагодуваат. Опремена е со прилагодлива даска со греач и дезодоранс. Котлето за вода на Нуми е двојно помалку бучно од обичните. Шољата поседува и вградено FM радио, а поддржува и mp3 player.
Умната шоља исто така го мери времето што корисникот го мин ува седејќи на неа. Штом измине повеќе време, со тоа се зголемува и количеството вода што се испушта од котлето. Освен грејачи на даската, Нуми посдува и грејачи за стапалата.