Еден Австриец наишол на откритие како од приказните, кога копајќи во својот двор пронашол повеќе стотици парчиња накит и други вредни предмети стари неколку векови, соопштија австриските власти.
- Бајките се уште постојат! Човекот пронајде сензационално богатство во својот двор, се наведува во соопштението на австриската агенција задолжена за национално наследство, која не наведува колкава е вредноста на овие предмети, но тврди дека станува збор за „едно од најзначајните откритија на средновековно богатство во Австрија“.
Се се случило кога среќниот пронаоѓач пред четири години сакал да го прошири малиот базен во својот двор и пронашол повеќе од 200 прсетни, брошеви, украсни шноли за ремени, позлатени чинии и други вредни предмети, од кои повеќето биле украсени со бисери, корали и други орнаменти.
Списанието „Профил“ пишува дека станува збор за извесен Александар К. од Винер Нојштат, јужно од Виена, кој своето откритие го пријавил дури откако фотографиите со овие предмети ги објавил на Интернет, а колекционерите му укажале за нивната потенцијална вредност.
Богатството пронајдено во дворот е старо околу 650 години, а моментално се проценува неговото потекло и вредност.
Засега не се знае зошто австриските власти досега чекале за ова да ја информираат јавноста.