Не е тајна дека легендарниот Пеле мисли за себе дека е најдобар играч кој некогаш се појавил натерените, а тое и го потврди во необичното интервју за CNN, во кое константно се фалеше себе си зборувајчи во трето лице.
„Никој не го направил тоа што го направи Пеле. Стана светски шампион на 17 години, три пати го крена пехарот посветен на планетарниот шампион и во кариерата постигна повеќе од 1208 голови. Само тој го можеше тоа. Никој не го повтори тоа, Пеле е најдобар“, вели Пеле.
Легендарниот напаѓач ги осуди и модерните фудбалери кои брзо се појавуваат, но и брзо исчезнуваат од сцената.
„Денес фудбалерите играат година или две и потоа исчезнуваат, тоа порано не беше така. Има многу играчи кои играа повеќе од 10 години како Франц Бекенбауер, Мишел Платини, Паоло Малдини, Диего Марадона или Џорџ Бест. Тие долго време беа на сцена“, изјави Пеле пред и за последен пат да се спомне себе си во трето лице.
„Во 1958 и 1962 година Бразил имаше фантастични индивидуалци како Гаринча, Диди или Марио Загала. Меѓутоа мислам дека селекцијата на Бразил во 1970 година е најдобра на сите времиња“, смета Пеле.