Суперѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо беше исклучително нервозен после поразот од Барселона во првото полуфинале од Лигата на шампионите.
„Не ми се допаѓа да играм вака, но морам да се адаптирам на ваквата ситуација. Сите видоа што се случуваше кога бевме 11 на 11 можеби не игравме добро, но го контролиравме натпреварот. Секогаш е исто против Барса, случајност ли е ова?“, гневно запраша Кристиано.
„Резултатот 0:0 не е лош, а можевме и да постигнеме погодок при контра. Освен тоа ќе влезеше Кака во последните 20 минути и ќе имавме повеќе шанси“, откри Португалецот.
„За жал Пепе доби црвен картон и... Многу сме тажни, бидејќи секогаш се случува истото против овој тим. На нашиот тренер секогаш му се случува истото против тој тим“, продолжи со гневните зборови Роналдо.
„Не можев да зборувам со никого во текот на целиот натпревар, бидејќи со сигурност ќе добиев жолт картон. Меси? Против 10 е лесно. Би сакал наредниот пат да имам можност и јас да играм против 10“, заврши ѕвездата на кралевите.