Често ви се случува да јадете зад волан? Поарно ви е да престанете со оваа пракса – сетете се дека тоа е исто како да јадете на екстра валкана даска од шоља во јавно ВЦ.
Научниците од Универзитетот Квин Мери во Лондон дојдоа до податок од кој навистина се превртува желудникот: просечен волан на себе содржи до 700 различни бактерии на квадратен сантиметар, што е девет пати повеќе од количината на бактерии на ВЦ шолјите во јавните тоалети.
Работите да бидат уште полоши, во багажниот простор на постарите модели на автомобили истражувачите пронашле и до 1.000 различни бактерии, меѓу кои и bacillus cereus, бактерија која предизвикува труење со храна.
Студијата исто така покажа дека дури 42% од возачите редовно јадат зад волан, а само третина ја перат внатрешноста на автомобилот – и тоа еднаш годишно! Дури 10% од сопствениците на автомобили велат дека ниеднаш во животот не се потрудиле да ги избришат внатрешните површини од прашина, или пак да поминат со правосмукалка.
Доктор Рон Катлер вели дека иако возачите можеби се уредни дома, целосно ги занемаруваат автомобилите, па така тие по некое време, бактериолошки гледано „наликуваат на канти за ѓубре“.