И годинава илјадници обожаватели на магијата и вештерството на 30 април секоја година патуваат во Германија во гората Брокен, во близина на градот Вернигерод, за да ја прослават Валпургиската ноќ, пишува порталот news.germany.travel.
Според легендата, секоја година во ноќта спроти 1-ви мај низ германскиот град Вернигероде летаа вештерки кои се упатуваат кон планината Брокен (Блоксберг) за да се соединат со ѓаволот.
По стапките на оваа легенда на планината Брокен секој година се организира спектакл на илјадници фанови на магиите и вештерството, на кој учесниците костимирани како ѓаволи и вештерки со песни и игри се веселат до зорите.
Терминот Валпургиска ноќ е поврзан со името на светата Валпургија, монахиња којашто доаѓа од Англија во Германија во 748 г., за да основа манастир. Таа уживала извонредна популарност, и на неа наскоро почнале да ја почитуваат како света. Во редот на римокатоличките светии нејзиниот ден е 1-ви мај.
Во средниот век, пак, било раширено верувањето дека на Валпургиската ноќ се случува пирот на вештерките низ цела Германија и Скандинавија. Вештерки качени на метли летаат кон планински врвови, каде што ноќта ја минуваат во разуздани гозби и танцови со демоните и ѓаволот.