Љубов: Вашите контакти ќе бидат зголемени, па постојано некој ќе ве вика да излегувате. Затоа, оние што се сè уште сами ќе имаат бројни можности за нови познанства, додека оние во врска постојано ќе мора да објаснуваат каде одат, освен ако не одат со партнерот.
Работа: Може да очекувате зголемена флуктуација на луѓе на кои постојано ќе мора да им давате одредени информации. Ќе бидете подвижни, умешни и на услуга на сите, а не се исклучени ни деловни патувања. Интересна седмица.
Здравје и совет: Истражете нови методи на релаксација.