Филмаџиите кои ја снимија драмата за борба против терористите „The hurt locker“ подготвуваат акционен трилер за потрагата по Осама бин Ладен, пренесуваат светските медиуми.
Оскаровката и режисерка Кетрин Бигелоу која доби оскар за „The hurt locker“ и сценаристот Марк Бол веќе неколку месеци работат на тој проект фокусиран на акција за апсење на лидерот на Ал Каеда, изјави пријател кој инсистираше да остане анонимен бидејќи немал дозвола да зборува за тоа. Кетрин Бигелоу сигурно ќе го измени сценариото со оглед на тоа што американските сили на почетокот од седмицава во Пакистан го убија Бин Ладен, а нејзиниот проект се базира на еден претходен обид за апсење на лидерот на Ал Каеда кој завршил со фијаско, пишува Холивуд репортер