По двете години доминација на Лебронтије, МВП наградата сосема заслужено оваа сезона патува за Чикаго.
Тешко дека било кој од нас помисли дека Дерик може да биде МВП оваа сезона, односно дека до толку ќе созрее во лидер на овие Булси, кои скоро цела сезона имаа проблеми со повредите на некои од клучните играчи, но го има најбитниот, Роуз, на теренот. Предводени од него направија големо изненадување стигнувајќи до најдобриот скор во лигата со своите
62-20.
Во сезона во која се очекуваше бум на Мајами, стабилност од ветераните на Бостон и шампионот од Лос Анџелес. Сезона во која Спарси играа одлична рег. сезона и во најголем дел беа на врвот на лигата и во која Мавси во еден период ја истакнаа кандидатурата за најдобар скор.
На крај до него стигна тимот со најстабилната игра и најстабилниот лидер, кој не престана да импресионира со своите игри.
Башка,
момакот има само 22 години и е најмлад освојувач на оваа награда. Тоа што е само втор играч на Чикаго по Мајкл со МВП признание исто така не е на одмет.
Убаво сликче
http://maknba.net/blog/wp-content/uploads/2011/05/rouz-mvp.jpg