Една жена од Флорида прво била приведена поради тепачка со друга жена сред улица, но по претресот обвинението било проширено. Покрај големата количина наркотици, кај неа било пронајдено и ладно оружје.
Глориа Естер Перез од Флорида била приведена поради тепачка, но бидејќи чудно се однесувала бил направен детален претрес.
Во текот на претресот било откриено дека таа во џебовите имала стотина пилули за кои немала рецепт, а потоа и се слошило. Таа била пренесена во локалната болница каде медицинскиот персонал бил шокиран од тоа што пронашле дека 28 годишната жена сокрила нож во вагината. Верувале или не, тоа не било единственото оружје кое било пронајдено во нејзиното тело.
Оваа 165 сантиметри висока жена, тешка 85 килограми, другиот нож го сокрила меѓу масните наслаги на стомакот, заедно со едно шише таблети.