Лебедите станаа јаболко на раздорот за жителите на едно британско село.
До неодамна белоснежните птици беа многу омилени помеѓу жителите на британското село Мисли, но веќе толку многу се намножиле што луѓето станале малцинство, пренесуваат британските медиуми.
Спорот е дали лебеди да бидат протерани од селото, иако веќе станала една од локалните знаменитости.
Во водичите за ова село веќе е напишано: "Село Мисли - население 150 луѓе, 300 лебеди.
Лебедите се толку кротки и издресирани што дури јадат од рацете на туристите.
Сепак, според пишувањата на тамошните медиуми спорот нема да помине без по висока интервенција бидејќи лебедите во Англија се во сопственост на кралицата.