СЕ ЗА СЕ !
Регистрирај се брзо и лесно и стани член на СЕ ЗА СЕ форумот.
СЕ ЗА СЕ !
Регистрирај се брзо и лесно и стани член на СЕ ЗА СЕ форумот.
СЕ ЗА СЕ !
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

СЕ ЗА СЕ !

Само побарајте , ние сме тука за вас - Форум СЕ ЗА СЕ
 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез
Барај
 
 

Display results as :
 
Rechercher Advanced Search
Временска прогноза
Latest topics
» Побарај филм.
Најдобрата пријателка во 8 точки Icon_minitimeПет Апр 05, 2013 4:43 am by danielll

» Kung Fu Panda 2
Најдобрата пријателка во 8 точки Icon_minitimeПон Окт 17, 2011 12:15 am by SKoF

» Ако ве нервира Winamp!
Најдобрата пријателка во 8 точки Icon_minitimeПон Jул 25, 2011 5:08 pm by SKoF

» Побарај превод.
Најдобрата пријателка во 8 точки Icon_minitimeПон Јун 13, 2011 6:37 pm by CORBA

» Најкреативните реклами за мај 2011
Најдобрата пријателка во 8 точки Icon_minitimeСаб Јун 11, 2011 12:41 am by SKoF

» НБА: Далас поведе со 3:2
Најдобрата пријателка во 8 точки Icon_minitimeСаб Јун 11, 2011 12:13 am by SKoF

» 10 трикови за помлад изглед
Најдобрата пријателка во 8 точки Icon_minitimeПет Јун 10, 2011 10:13 am by STEFI

» Случувања- 10 Јуни
Најдобрата пријателка во 8 точки Icon_minitimeПет Јун 10, 2011 10:05 am by STEFI

» Случувања- 07 Јуни
Најдобрата пријателка во 8 точки Icon_minitimeВто Јун 07, 2011 4:22 pm by STEFI


 

 Најдобрата пријателка во 8 точки

Go down 
АвторПорака
STEFI

STEFI


Број на мислења : 345
Points : 1012
Reputation : 2
Join date : 2011-04-17
Age : 33

Најдобрата пријателка во 8 точки Empty
ПишувањеПредмет: Најдобрата пријателка во 8 точки   Најдобрата пријателка во 8 точки Icon_minitimeЧет Мај 05, 2011 5:04 pm

Сигурно и вие имате многу пријателки, но само една од нив е вашето рамо за плачење во секој миг од денот и ноќта, вашиот партнер за смеење, вашиот придружник во најбесмислените лудости и вашата сестра по душа.

Без да ја видите или чуете не можете да си го замислите денот, а за долгите заеднички разговори секогаш имате непресушен извор на теми.

Ги анализирате сегашните момчиња

Од испади на љубомора до детали од сексуалниот живот се може да се најде на вашето мени за разговор. Таа знае речиси се за вашето момче, а и без да и кажете ги знае вашите чувства и размислувања за него. Некогаш не се согласувате со вкусот една со друга, но секогаш си го поддржувате направениот избор.

Ги оговарате поранешните момчиња

Само со неа во една вечер успевате да воскреснете години стари љубовни збиднувања. Говорите за поранешните партнери, се сеќавате на нивните позитивни страни, но и за нивните моментални нерационални постапки со кои се обидуваат да ви го привлечат вниманието. Само таа знае колку пати на ден го споменувавте неговото име кога бевте на „крилјата на љубовта“ со него.

Си слушате музика што само вие две можете да ја поднесете

Слушате музика, одите на места и ги правите најголемите лудости на кои никој друг „нормален“ човек не би се согласил. Ако една ќе каже „ајде“, другата веднаш тргнува и обратно.

Си готвите најчудни јадења

Знаете да си направите заедничка вечера, без разлика што готвењето и не е вашата најсилна страна. Чудниот вкус од ново компонираниот рецепт на торта не ве спречи да вкусите парче од неа бидејќи тоа е дело на вашата најдобра пријателка.

Заедно си плачете

Раскинавте со дечкото, а таа плаче на сет глас рамо до рамо со вас или пак во екстремни случаи таа плаче дури и кога вие само и раскажувате колку сте тажна. Од толку многу заеднички минати мигови чувството на меѓусебна емпатија е на највисоко можно ниво. Секогаш говорите, анализирате и нормално заклучокот е дека тој е „кретен“, а вие сте во право.

Заедно пеете (иако немате талент)

Си пеете на сет глас, во моменти на досада, дури и импровизирате концерти кои некогаш завршуваат забележани од камерата на вашиот мобилен телефон. Години потоа се смеете на тоа и се чудите како пред неа пеете од се срце, а пред другите себично го криете вашиот „огромен талент“.

Се имате видено во секое издание

Знае како изгледате кога ќе станете наутро од спиење, кога сте болна, но и кога се спремавте за вашата апсолвентска забава. Критиките си ги кажувате најотворено без влакна на јазикот, како што можете со ретко кој. Си кажувате се што ќе ви падне на ум без потоа да се налутите меѓусебно.

Ја познавате како што се познавате себе си

Знаете кога се смее вештачки, кога е тивка, а сака да плаче на сет глас, знаете кога е вистинската таа, а кога ја става маската пред одредени луѓе кои и не и се баш омилени. По сјајот во очите се познавате меѓусебно дали сте заљубени во сегашното момче или само сакате да бидете дел од врска. Таа знае која сте, што сте, како размислувате и што сакате во животот.

Животот без неа ви е тешко замислив, зарем не?
Вратете се на почетокот Go down
 
Најдобрата пријателка во 8 точки
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
СЕ ЗА СЕ ! :: Забава :: Женски муабети-
Отиди до: