Очајниот татко кој не можел да гледа како се мачи неговиот син, одлучил да ги превземе работите во свои раце. Момчето денес е излекувано и живее како и сите други нормални деца.
На Чез Хјуд од Монтана пред неговиот втор роденден му било диагностицирано тумор на мозокот. Потоа следеле терапиите со хемотерапија, од кои момчето се чувствувало лошо и одбивало да јаде.
Но, неговиот татко Мајк решил да ги превземе работите во свои раце. Тој побарал совети од неколку доктори и тајно користел масло од марихуана за спремање на неговата храна. Мајк истовремено побарал од лекарите да престанат да му даваат лекови против болка и наводно момчето веднаш почнало да се чувствува подобро.
"Не јадеше ништо 40 дена и токму затоа беше неверојатно да се види како јаде парче сирење" - кажал Мајк, кој верува дека токму маслото од марихуаната помогнало Чез да ја издржи хемотерапијата. Тој признал дека бил преплашен кога се одлучил на тој чекор, но дека не бил спремен да го изгуби детето.
Во Монтана е легално да се користи марихуаната за медицински цели, но не се знае какво е правилото кога се работи за деца - пациенти.