Ден пред почетокот на 56- от натпревар за „Песна на Евровизија“, што годинава се одржува во Дизелдорф, светските обложувалници предвидуваат победа за Франција и едно од последните места за Македонија.Билтените со квотите на обложувалниците „Вилијам Хил“, „Педипауер“ и „Скај бет“ покажуваат дека најлош пласман меѓу 43–те натпреварувачи се предвидува за Македонија, Португалија и Сан Марино, пренесуваат агенциите.
Фаворит на овогодинешниот „Евросонг“, е претставникот на Франција, оперскиот пејач Амаури Васили со песната „Сон“ а од балканските земји, според обложувалниците, најмногу шанси има БиХ, која ќе ја претставува Дино Мерлин со песната „Love in Rewind".
Нашиот претставник Влатко Илиевски со песната „Русинка“, ќе настапи на втората полуфинална вечер на 12-ти мај.