U.S. Space Adventures, засега единствената компанија на светот која нуди орбитални туристички летови, понуди да го опреми рускиот вселенски брод „Сојуз ТМА“ со додатен простор за престојување, што би се искористил за осумдневни комерцијални летови околу месечината.Фирмата своите планови за организирање на туристички патувања до месечината ги објави минатиот месец, со цена од „само“ 150 милиони долари за едно седиште.
Компанијата тврди дека веќе продала едно од двете места во вселенскиот брод, а од рускиот тренинг-центар за космонаути и истражување „Јуриј Гагарин“ велат дека се подготвени за летот да обучат еден професионален космонаут, како и самите туристи.