Љубов: Пред вас е седмица во која се можни добри забави и излегувања, но без подлабоко зближување. Познанствата кои ќе ги стекнете, сега за сега ќе бидат од површен карактер, но тоа не значи дека подоцна нема да се развијат во нешто позначајно. Добра причина за излегување.
Работа: Вашите иновации сè уште не се готови, па ќе мора да поработите на нив. Истовремено се отвораат нови можности кои би можеле да ви донесат поголемо задоволство во работењето, па посветете им поголемо внимание.
Здравје и совет: Уморот и падот на имунитетот се тука, но и почетокот на обновувањето.