Љубов: Во првата половина од месецот ќе бидете исклучително заводлива и страствена личност, а вашиот љубовен живот ќе биде богат. Оние во врска ќе се разбудат и секој ден ќе уживаат во прегратките на саканата личност. Оние што се сами нека излегуваат што повеќе затоа што цел свет ќе им биде под нозе. Втората половина од месецот носи помалку интензивен љубовен живот, но сосема задоволителен. Ќе уживате потивко.
Работа: Она што сте го започнале ќе продолжите да го спроведувате во дело во текот на овој месец, доследно и организирано. Препреките кои понекогаш можат да се појават ќе ги решавате со својата упорност, така што нема да може ништо да ве сопре. Многумина ќе ги прошират своите дејности или ќе делуваат на работната околина на најпозитивен начин. Резултатите нема да изостанат.
Здравје и совет: И понатаму ќе бидете многу активни, но потрудете се барем малку да одморите. Инаку, во добра форма сте.