Љубов: Како што одминува месецот, од солидна љубовна ситуација ќе одите кон уште поубава. Првиот дел од месецот ќе се фокусирате на еротика и страст, па многумина ќе ги разбудат своите заспани врски со некое љубовно изненадување. Саканата личност тоа ќе го прифаќа како добредојдено. Во вториот дел од месецот ќе одите на повисоко ниво, па во личните односи подеднакво ќе биде развиена емотивната, но и интелектуалната страна. Не само што ќе се гушкате, туку и одлично ќе се разбирате. Затоа можете да зборувате до длабоко во ноќта.
Работа: Сè уште ќе бидете во фаза на навикнување на промените кои се случија во фирмата. Ќе следи период на прилагодување, па од ден на ден ќе водите мали борби кои можеби не се толку важни, но за секојдневното функционирање на работа, секако дека се. Втората половина од месецот донесува нови и свежи идеи како и полет, па ќе работите полесно. Повеќе нема толку да се грижите за ситниците, туку ќе гледате на целината. Растат и можностите за вашето унапредување.
Здравје и совет: Помалите проблеми ќе ги снемува веќе од втората седмица од месецот, а вашата сила ќе расте од ден на ден.