Љубов: Оние што се сè уште сами би можеле во првиот дел од месецот да налетаат на многу интересна личност на своето работно место, или пак би можеле да ја пронајдат преку работата. Нека обрнат внимание на личностите кои ги сретнуваат во тоа подрачје. Истата врска би можела да се развие брзо и страсно. Оние пак во врска ќе уживаат во малите радости со партнерот. Вториот дел од месецот ќе донесе нови предизвици кои од вас ќе бараат максимум трпение и дипломатија бидејќи нема да ви оди сè од рака. Можни се кавги и заладување, па ќе треба да бидете мудри за да одржите status quo. Со самоконтрола, тоа ќе ви оди полесно.
Работа: Месецот ќе ви биде обележан со нови работни победи. Работата од вас ќе бара разни таленти, па ќе мора да бидете one man show. Освен инвентивноста, ќе има и досадни тековни задачи. Вработените во услужните дејности (медицина, угостителство) ќе имаат полни раце работа. Втората половина од месецот ќе донесе почест и побрз умор, па затоа добро подгответе се за работа.
Здравје и совет: Првиот дел од месецот поработете на здравиот живот, ако го направите тоа, во вториот дел од месецот полесно ќе го поднесувате нешто послабиот имунитет.