Љубов: Многубројните контакти во првиот дел од месецот ќе ви отворат бројни можности за контакти и нови познанства. Можеби тие ќе бидат површни, но барем ќе ви ја згреат душата ако сте сами. Оние пак во врска ќе бидат во движење и со себе ќе ја носат саканата личност. Можни се и куси патувања на кои убаво ќе се чувствувате. Вториот дел од месецот ќе донесе поинаква љубовна слика, искушенија во кои ќе мора да го активирате трпението, мудроста, тактот и дипломатијата. Затоа, до тогаш зацврстете ја врската.
Работа: Сите оние чија работа е поврзана со луѓе и комуникација со луѓе ќе работат со полна пареа и ќе имаат добивка. Оние што работат сами, овој месец нема да работат сами, туку ќе настапи фаза на отворени можности. Ќе има и такви кои поголемиот дел од денот ќе го поминуваат на деловни патувања. Во секој случај нема да ви биде досадно. Во вториот дел од месецот ќе имате потреба малку да се повлечете и во мир да извршите некои деловни анализи и да ги соберете првите резултати. Ќе следи мала инвентивност.
Здравје и совет: Првиот дел од месецот сте одлично, а во вториот дел повремено ќе ви недостасува енергија. Затоа редовно одмарајте се и добро спијте.