Сега веќе поранешните НБА шампиони, кошаркарите на ЛА Лејкерс доживеаја елиминација во полуфиналето на плејофот заради кавгата меѓу двајцата најдобри играчи, Коби Брајант и По Гасол и тоа заради девојка!
Далас во полуфиналето на Западната конференција ги збриша Лејкерс со 4-0, а американските медиуми тврдат дека атмосферата во екипата ја расипала шпанската убавица Силвија, кој пред најважните натпревари раскинала со својот дечко По Гасол.
Гасол за сето тоа го обвинил Коби Брајант и неговата сопруга Ванеса, кои наводно и изнакажале сешто на Силвија за сега веќе поранешниот дечко.
"Силвија немаше многу пријателки, а Гасол верува дека зад сето тоа стои жена му на Брајант. Коби дури се обидел и да разговара со Гасол, но настанала голема кавга и двајцата изговориле тешки зборови", тврди извор близок на кошаркарите.
Самиот Гасол призна дека постојат работи кои влијаеле на неговата игра против Далас.
"Морам да научам нешто од ова. Работите кои се случуваат надвор од теренот мора да се остават надвор од теренот", заклучи Шпанецот.
Силвија, која е поранешна учесничка во реално шоу и чирлидерка се забавуваше со Гасол од 2009 година.