Повеќето славни пејачи, актери и шоумени признаа дека во тинејџерските денови не биле најпопуларни, т.е. биле тотални „аутсајдери“. И колку и муабетот да звучи како клише, и психолозите го потврдуваат истото.Всушност, „лузерите“ и „бубалиците“ подоцна прераснуваат во исклучително добри личности, кои се поуспешни од другите, но и поседуваат голем број на добри особини: креативни се, оригинални, чесни, искрени, а имаат и поголеми шанси за среќа во љубовта, велат психолозите.
Психологот Александра Робинс, при пишувањето на својата книга „The Geeks Shall Inherit The Earth“, направи истражување, во кое, во период од една година следеше седум ученици од средно училиште, меѓу кои имало популарни и помалку популарни тинејџери.
Заклучокот од резултатите би можел да звучи вака: „никаква корист од популарноста, 'гиковите', 'фриковите', 'аутсајдерите', 'лузерите' се далеку поуспешни во подоцнежните години“.
Робинс вели дека непопуларноста во школските денови и во друштвото делува депримирачки за младите, но таа истовремено е гаранција за успех во подоцнежнот живот. „Всушност, особините кои една личност ја прават непопуларна, како индивидуалноста, креативноста и страста за хобија, се предиспозиции за среќа во љубовта, но и за развој на успешна кариера“, вели таа.
Како примери кои ја потврдуваат оваа врска, Робинс ги наведува писателката Џ.К. Роулинг и музичарот Брус Спрингстин, кои според сопственото признание биле непопуларни во тинејџерсктие денови, а денес заработуваат милиони.