Судбината на VoIP и видео-чат сервисот Skype доби интересен спин, неколку дена после шпекулациите дека Facebook или Google би можеле да го купат за 3-4 милијарди долари, или барем да влезат во сериозен партнерски дил со компанијата.Сега, The Wall Street journal најави, а подоцна стигна и официјалната потврда дека Microsoft е во сериозни преговори за купување на Skype за сума „меѓу 7 и 8 милијарди долари“, односно конечно, дека договорот ќе се реализира за сума од 8.5 милијарди. Сигурно се прашувате: „О, зошто?“
Според TWSJ, со купувањето на Skype, Мicrosoft ќе добие едно препознатливо брендирано име на интернет пазарот. Компанијата инвестираше силни пари во маркетингот и подобрувањето на технологијата на својот пребарувач Bing.
Со сумата од околу 8.5 милијарди долари, вклучувајќи го и долгот, купувањето на Skype ќе се најде при самиот врв на аквизиции во 36-годишната историја на Microsoft, компанија која традиционално нема навика да склучува договори со висока цена.
Skype тука може да ја одигра улогата на катализатор на напорите на Microsoft за подобрување на услугите на компанијата во мобилната телефонија, односно ќе се создаде must-have апликација за сите идни верзии на Windows Mobile оперативниот систем. Сепак, како најважна причина се наведува Windows Phone 7 и Nokia, односно нуждата на Microsoft од сериозна конкуренција на Google Voice и платформата на Apple - Facetime.
Ко-основачите на сервисот Никласн Зенстром и Јанус Фриис, со нивните 14% ќе инкасираат околу 1.19 милијарди долари.
еBay во 2009. година продаде поголем дел од своите акции за 2 милијарди, проценувајќи ја вредноста на целиот бизнис на 2.75 милијарди, но сепак ќе направи пари од оваа продажба - и тоа не малку: 30-те проценти на eBay во Skype ќе бидат исплатени со 2.55 милијарди долари.
Најголема придобивка од продажбата ќе имаат Silver Lake, Andreessen Horowitz и Canada Pension Plan Investment Board кои беа сопственици на 56% од Skype, дел кој чини 4.76 милијарди долари.