Тинејџерската сензација Џастин Биебер се појавил во две епизоди на серијата CSI. Но, неговото однесување ни најмалку не и се допаднало на актерката Марг Хелгенбергер.
Џастин Биебер е сонот на милиони тинејџерки ширум светот, но вистински кошмар за Марг Хелгенбегер. Глумицата соработувала со пејачот при снимањето на две епизоди од серијата CSI и врз таа основа го донела овој заклучок.
"Не би требало да го кажувам ова, но Џастин е разгалено детиште. Кон мене беше добар, но еден од продуцентите го заклучи во гардероберот" - изјавила глумицата за еден француски магазин.
Но, Џастин не останал рамнодушен и возвратил на коментарот преку неговиот профил на Твитер - "Жалосно е кога те критикува некој кој те знае кратко. И понатаму и посакувам се најубаво"