Додека некои луѓе заради промена на полот се подложуваат на тешки медицински интервенции и пијат хормони, Бојан Јовановски нашол многу едноставен начин да го изведе тоа-ќе го соблече здолништето и деколтираната маица и на себе ќе облече машки панталони и кошула, пишува “Блиц“, пренесува НетПрес.
Боки 13 за неколку месеци планира да ја шокира јавноста која ќе има прилика да го види како вистински маж. Иако на многумина им се чини незамисливо да го видат Јовановски без потпетици, шминка и бојадисана коса, сигурно ќе мора да се навикнат и на тоа.
“Боки од септември планира да направи трансформација на деценијата, од која сите ќе бидат шокирани. Сам се одлучи на тој чекор и конечно ќе им ја затвори устата на злобниците, а свесен е дека многумина би сакале да го видат во улога на прав џентлмен. Секако дека е свесен дека и тогаш ќе има зли јазици, но така никој нема да му префрла за тоа како се однесува и се облекува поинаку од сите“, раскажувал извор близок на македонскиот водител и додава дека на водителот влијаат новите услови кои владеат во “Тв Пинк“.
Контроверзниот Боки 13, планира новата сезона да ја отвори како водител, а не водителка и знае дека тоа ќе биде нешто што ќе привлече големо внимание на јавноста.
“Боки е професионалец и свесен е дека напредокот на кариерата зависи од многу вложувања и промени, па затоа не му било тешко да се одлучи на ваков чекор. Кога зборувавме со него, ми рече дека нема да биде лесно да ги фрли сите парчиња гардероба што ги има во неговиот плакар и после долго време повторно на сцената ќе се однесува како маж“, раскажува близок пријател на Боки.
Се поставува прашањето дали со овој потег, Боки ќе ги спречи лошите коментари на негова сметка, но едно е сигурно дека ќе привлече големо внимание.