Патниците на авионот 6562 на американската авиокомпанија Delta Airlines неодамна присуствувале на необично шоу. Тие биле изненадени од упорноста на една жена да се соблече гола и покрај обидите на персоналот да не го направи тоа.
Според наводите на сведоците, жената била емоционално нестабилна и почнала да се соблекува во авионот кој се обраќал на релација Чикаго - Њујорк во моментот кога требал да се приземји. Очевидците кажале дека екипажот на авионот и патниците се обиделе да ја спречат во нејзината намера. Веднаш по слетувањето, жената била приведена и однесена на испитување во Jamaica Hospital Medical Center во Њјјорк.
Ова не е прво необично однесување оваа година. Неодамна еден патник на American Airlines кој летал од Детроит за Сан Диего се обидел да ја скрши вратата и да влезе во кабината на пилотите, но навремено бил спречен од екипажот на авионот.