СЕ ЗА СЕ !
Регистрирај се брзо и лесно и стани член на СЕ ЗА СЕ форумот.
СЕ ЗА СЕ !
Регистрирај се брзо и лесно и стани член на СЕ ЗА СЕ форумот.
СЕ ЗА СЕ !
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

СЕ ЗА СЕ !

Само побарајте , ние сме тука за вас - Форум СЕ ЗА СЕ
 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез
Similar topics
Барај
 
 

Display results as :
 
Rechercher Advanced Search
Временска прогноза
Latest topics
» Побарај филм.
Женска шминка која мажите ја мразат Icon_minitimeПет Апр 05, 2013 4:43 am by danielll

» Kung Fu Panda 2
Женска шминка која мажите ја мразат Icon_minitimeПон Окт 17, 2011 12:15 am by SKoF

» Ако ве нервира Winamp!
Женска шминка која мажите ја мразат Icon_minitimeПон Jул 25, 2011 5:08 pm by SKoF

» Побарај превод.
Женска шминка која мажите ја мразат Icon_minitimeПон Јун 13, 2011 6:37 pm by CORBA

» Најкреативните реклами за мај 2011
Женска шминка која мажите ја мразат Icon_minitimeСаб Јун 11, 2011 12:41 am by SKoF

» НБА: Далас поведе со 3:2
Женска шминка која мажите ја мразат Icon_minitimeСаб Јун 11, 2011 12:13 am by SKoF

» 10 трикови за помлад изглед
Женска шминка која мажите ја мразат Icon_minitimeПет Јун 10, 2011 10:13 am by STEFI

» Случувања- 10 Јуни
Женска шминка која мажите ја мразат Icon_minitimeПет Јун 10, 2011 10:05 am by STEFI

» Случувања- 07 Јуни
Женска шминка која мажите ја мразат Icon_minitimeВто Јун 07, 2011 4:22 pm by STEFI


 

 Женска шминка која мажите ја мразат

Go down 
АвторПорака
STEFI

STEFI


Број на мислења : 345
Points : 1012
Reputation : 2
Join date : 2011-04-17
Age : 33

Женска шминка која мажите ја мразат Empty
ПишувањеПредмет: Женска шминка која мажите ја мразат   Женска шминка која мажите ја мразат Icon_minitimeЧет Мај 12, 2011 8:15 am

За шминката, меѓу другото, знаеме две работи. Едната е дека жените ја обожуваат, а другата е дека мажите не можат да ја поднесат. Кои се границите при шминкањето кои не се препорачува да се преминат?

Многу слоеви пудра

Доколку мажот ви ја регистрира пудрата, значи дека навистина сте претерале. Ниту еден маж не сака жена која го „скаменила“ своето лице со неколку, неизедначени слоеви пудра. Можеби најстрашното е кога ќе се стави неколку нијанси потемна пудра, па разликата помеѓу лицето и вратот е очигледна. Бљак.

Зарем мислите дека мажот ќе посака да ве бакне со толку пудра на лицето? Сигурно првата помисла му е „пресликаната“ пудра на неговите усни. Внимавајте. Изедначениот тен е едно, а цела палета на нијанси на вашето лице е друго.

Дреч кармини

Колку и да се модерни неонските, електрични тонови, усните во тие бои сигурно нема да го воодушеват вашиот партнер. Експертите велат: „ако ја терате модата, голема е веројатноста да го изгубите мажот кој ви се допаѓа или ви е партнер“.

Мажите сакаат усни кои изгледаат свежо, природно и сочно, а тој ефект ќе го постигнете со нежни, розови и во нијанса на праска, бои на кармини.

Нападна, сина сенка

Всушност, сè што е нападно и претерано не им е омилено на мажите. Ниту сината сенка за очи не спаѓа помеѓу шминката која би сакале да ја видат на својата партнерка. Таа, освен што им е „трн во око“ им изгледа и преефтино.

Розево руменило

Розевото руменило мажите ги потсетува на старите тетки, кои ги сретнуваат во супермаркетот. Не дозволувајте да ставите вакво руменило, колку и да е модерно. Мажите сакаат „невидлива“, неприметна шминка, со која ќе го истакнете она што е најубаво на вас.

Нападно моливче за усни

Можеби и не треба да објаснуваме којзнае колку за овој непосакуван ефект, бидејќи моливчето секогаш, ама баш секогаш, треба да биде неприметно, и во склад со карминот.

Светки

И со светките треба да бидете внимателни. Кога веќе имате желба за истите, ставете ги на сенката или во руменилото, но оние ситните и во мал број. Никако не претерувајте, бидејќи ќе изгледате како лампион.
Вратете се на почетокот Go down
 
Женска шминка која мажите ја мразат
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» 10 типа жени кои мажите ги избегнуваат

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
СЕ ЗА СЕ ! :: Забава :: Женски муабети-
Отиди до: