Македонскиот моден бренд “Елена Лука” во соработка со средните училишта во Скопје ќе одржи хуманитарна модна ревија наменета за потребите на училиштата.
Хуманитарниот настан под мотото “Чисти училишта-здрава младина” ќе се одржи на 14 мај (сабота) со почеток во 21.00 часот во ноќниот клуб Hard Rock.
Во модели од креативната работилница на Елена Лука ќе бидат облечени дваесетина професорки од средните училишта кои се дел од проектот.
Донациите ќе се собираат со продажба на влезници за настанот кои во претпродажба чинат 100 денари, а непосредно пред самиот настан на влезот во Hard Rock 180 денари.