Тренерот на Милан, Масимо Алегри вели дека не знае ништо за можната трампа со Реал Мадрид во која ќе бидат инволвирани Кака и Златан Ибрахимовиќ
Каталонскиот El Mundo Deportivo денеска објави дека Жозе Мурињо на лидерите на Реал Мадрид им предложил трампа со Милан во која ќе бидат инволвирани Кака и Златан Ибрахимовиќ.
Тренерот на Милан, Масимо Алегри ги опиша ваквите натписи како класични шпекулации и вели дека не знае ништо за можната трампа Кака-Ибра.
“Трампа Ибра-Кака? Не знам ништо за ова.” – рече Алегри. “Ова се само класични шпекулации кои се појавуваат на крајот од сезоната.”
“Трансфер стратегијата на клубот, во која спаѓаат и преговорите за продолжување на договорите, ќе започне следната недела.”