Руни вчера беше човек на одлука во нерешениот натпревар на Јунајтед против Блекбурн, со што Манчестер ја обезбеди 19. Титула во Англија.Поранешниот напаѓач на Евертон е пресреќен што Јунајтед го симна Ливерпул од листата на најтрофејни англиски клубови. Руни на својот Твитер профил не го криеше задоволството што Ливерпул беше симнат од тронот.
- Му ја симнавме на е****от Ливерпул круната од главата. Јас сум „плав“ како и секогаш. Луѓе не мпжете да замислите колку сум среќен. Јунајтед ди смрт, Евертон до смрт. Бтлси ..., напиша Руни на својот Твитер профил.