Американскиот кошаркарски стратег Ренди Фанд, кој е поранешен тренер на НБА-гигантот Лос Анџелес лејкерс, идната сабота (28 мај) ќе одржи семинар за тренери во салата „Парк“ во Струмица
Фанд во својата богата НБА и колеџ-кариера беше главен тренер на Лејкерс во сезоните 1992/1993 и 1993/1994, каде што предходно им беше помошник на Пет Рајли и на Мајк Данливи. Тој бил и генерален менаџер на Мајами хит, а во свое време бил еден од најдобрите поентери во колеџ-кошарката со САД, настапувајќи за Универзитетот Винтон.
Фанд во Струмица ќе одржи предавања на неколку теми, со акцент на индивидуалната работа со играчите во подготвителниот и натпреварувачки период, како и во креирање систем на напад во транзиција.