Британецот Скот Хантли (49) скокна од мостот Блоукранс во Јужноафриканската Република, кој официјално е признаен за највисока точка за банџи скокање.
Скот Хантли минатата недела го собори светскиот рекорд правејќи 105 банџи скокови за седум часа и 30 минути. Јужноафриканскиот мост Блоукранс е висок 216 метри.- Беше напорен ден и физички се преморив, но беше забавно. Скокав нон-стоп, седум ипол часа. Запрев само двапати, за да одам до тоалет, рече Хантли, кој беше следен од судија на Гинисовата книга на рекорди.
Хантли работи во рударска компанија, а со скоковите сакаше да предупреди на условите во кои работат рударите во Африка. Претходниот рекорд во банџи беше 104 скока за 10 часа и 30 минути, а го држеше Норвежанец. Гинис неделава треба да го потврди рекордот на Хантли. Британецот планирал да направи повеќе скокови, но не можел поради временските услови. - Скокнав 105 пати и отидов да јадам. Се вратив затоа што мислев дека ќе скокам уште многу пати, но после два скока времето се влоши. Беше многу ладно, па морав да запрам. Бев среќен затоа што го надминав претходниот рекорд за три часа, вели Скот.
За време на сите скокови, со него беше неговата шестгодишна ќерка Дани, а после секој 10-ти скок го прегледувал лекар.