Легендарната група од осумдесеттите „Блонди“ го најави своето големо враќање. Во јуни, оваа година, излегува нивниот деветти албум.
Албумот „Panic of Girls“ е првиот албум по „The Curse of Blondie“ од 2003. година. Новиот го снимаа членовите основачи - Деби Хари, Крис Стеин и Клен Бурк, заедно со новите членови - Томи Келсер и Мек Кац-Бохен.
Најавниот сингл за албумот - „Mother“, за кој бендот сними и видео-запис ја покажува енергијата и препознатливиот звук на бендот, кој ниту со годините не се изгубил.
Освен новите песни, албумот ќе содржи и преработки на песните: „Girlie Girlie“ од Софија Џорџ и „Sunday Smile“ од Бејрут од нивниот албум „The Flying Club Cup“. Бендот најверјатно е голем фан на „Бејрут“, бидејќи освен преработката, снимија и заедничка песна со нивниот член Зак Кондон. Песната се вика „Work Off My Sweet“, пренесува Billboard.