СЕ ЗА СЕ !
Регистрирај се брзо и лесно и стани член на СЕ ЗА СЕ форумот.
СЕ ЗА СЕ !
Регистрирај се брзо и лесно и стани член на СЕ ЗА СЕ форумот.
СЕ ЗА СЕ !
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

СЕ ЗА СЕ !

Само побарајте , ние сме тука за вас - Форум СЕ ЗА СЕ
 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез
Барај
 
 

Display results as :
 
Rechercher Advanced Search
Временска прогноза
Latest topics
» Побарај филм.
Филмски франшизи со лошо четврто продолжение Icon_minitimeПет Апр 05, 2013 4:43 am by danielll

» Kung Fu Panda 2
Филмски франшизи со лошо четврто продолжение Icon_minitimeПон Окт 17, 2011 12:15 am by SKoF

» Ако ве нервира Winamp!
Филмски франшизи со лошо четврто продолжение Icon_minitimeПон Jул 25, 2011 5:08 pm by SKoF

» Побарај превод.
Филмски франшизи со лошо четврто продолжение Icon_minitimeПон Јун 13, 2011 6:37 pm by CORBA

» Најкреативните реклами за мај 2011
Филмски франшизи со лошо четврто продолжение Icon_minitimeСаб Јун 11, 2011 12:41 am by SKoF

» НБА: Далас поведе со 3:2
Филмски франшизи со лошо четврто продолжение Icon_minitimeСаб Јун 11, 2011 12:13 am by SKoF

» 10 трикови за помлад изглед
Филмски франшизи со лошо четврто продолжение Icon_minitimeПет Јун 10, 2011 10:13 am by STEFI

» Случувања- 10 Јуни
Филмски франшизи со лошо четврто продолжение Icon_minitimeПет Јун 10, 2011 10:05 am by STEFI

» Случувања- 07 Јуни
Филмски франшизи со лошо четврто продолжение Icon_minitimeВто Јун 07, 2011 4:22 pm by STEFI


 

 Филмски франшизи со лошо четврто продолжение

Go down 
2 posters
АвторПорака
STEFI

STEFI


Број на мислења : 345
Points : 1012
Reputation : 2
Join date : 2011-04-17
Age : 33

Филмски франшизи со лошо четврто продолжение Empty
ПишувањеПредмет: Филмски франшизи со лошо четврто продолжение   Филмски франшизи со лошо четврто продолжение Icon_minitimeСре Мај 25, 2011 5:00 pm

Најновото продолжение на Pirates of the Carribean е актуелно по кино-салите во моментов. Сигурни сме дека ова е податок кој искрено радува многу од вас. Веројатно има и такви кои не се најзадоволни, но ова незадоволство не предизвика спомнатиот филм да не растури на кино благајните.И покрај тоа, станува збор за филм кој легендарниот Роџер Еберт го оцени со помалку ѕвездички од последниот филм на Мел Гибсон, The Beaver, во кој Мел носи плишано дабарче на раката речиси во целиот филм. И ѕвездичките на Еберт ги освои токму дабарчето, а не Мел.

Еве една мала листа на филмови кои имале одлични три продолженија, но не успеале да „го истуркаат“ четвртото како што треба. Колку да се знае, веруваме дека и The Matrix ќе се најдеше на листава, доколку не беше донесена здраворазумската одлука серијалот да заврши со три продолженија.


1. The Terminator

„Јасно, најдобриот начин да се ревитализира франшизата која доминираше во своето време е дејствието да се помести уште понапред во иднината и да се промени целата оригинална постава на филмот. Секако, отстранувањето на едно огромно име кое е асоцијација за франшизата, нема да има лош ефект по неа“ - ова веројатно бил начинот на размислување на луѓето кои одлучија да го продуцираат Terminator: Salvation, четвртиот (и како што се надевавме до неодамна) последниот од филмовите за терминаторите.

Не само што со филмот „ја утнаа работата“, туку тоа го сторија во епски пропорции. Очигледно дури и носталгијата за првите три продолженија и ангажманот на Кристијан Бејл во улогата на Џон Конор во сценарио кое вклучува роботска апокалипса, не беа доволни фактори за спас на филмот. Само замислете колку моќно ова звучи, и потоа замислете дека сето тоа тргнува во многу, многу лоша насока. Ете, сега нема ни потреба да го гледате.

2. Pirates of the Caribbean

Ако имаме предвид дека ова е единствената успешна филмска франшиза која води потекло од забавните паркови на Дизни, и ако не заборавиме дека феноменалниот Џони Деп заедно со Кира Најтли и Орландо Блум беа супер во првите три дела на серијалот, треба да го занемариме фактот што последното четврто продолжение личи на втора сезона од некое популарно тв шоу (мора да се оди во нови дирекции, паралелно со задржувањето на сето тоа што ја првично ја привлекло публиката)?

Не треба. Среќа што барем Блум и Најтли навреме откажаа учество.

3. Star Wars

Треба ли да објаснуваме посебно зошто Star Wars замина во бестрага после четвртото продолжение? Ако треба, два збора ќе завршат работа: Хајден Кристенсен. Иако, Џорџ Лукас е веројатно најголемиот виновник.



4. Indiana Jones
Повторно доаѓаме до еден филм каде прсти вмешал Лукас, што не води до едно (веќе пишано) правило: колку повеќе Џорџ Лукас жонглира со некоја франшиза, толку помалку оригиналната публика е заинтересирана за истата. Indiana Jones, за жал, не ја избегна оваа судбина.

Последниот филм, Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull, во кој меѓу другото (вонземјани, Шаја Лебаф) Харисон Форд преживува нуклеарка стуткан во фрижидер, го илустрира горенапишаното до совршенство.



5. Teenage Mutant Ninja Тurtles

O, да, тука го броиме и потполно анимираниот TMNT од 2007. година како четврто продолжение на овој „серијал“, без кое ќе имавме совршена трилогија полна со бизарна аниматроника, Кори Фелдман кој го позајмува гласот на голема мутантска нинџа желка со виолетов превез преку очите и Ванила Ајс.



п.с. Од почит кон ликот и делото на човекот од челик, не одвоивме простор за четвртото продолжение на Superman, после кое на Холивуд му требаа години за рехабилитација после катастрофалната четворка и потполно нов почеток за да направи нов филм/серијал за Кларк Кент и неговото алтер-его.

Направете му Copy/Paste на истиов текст кога е во прашање и Бетмен, во чиј четврти дел „брилијираше“ Арнолд Шварценегер како Mr. Freeze. И ја гледавме Алиша Силверстоун како Bat-woman. Ужас. Да е жив и здрав Крис Нолан, спасителот на херојот од нашето детство Smile
Вратете се на почетокот Go down
CORBA
Admin
CORBA


Број на мислења : 184
Points : 302
Reputation : 5
Join date : 2011-04-16
Age : 35
Местолокација : Скопје

Филмски франшизи со лошо четврто продолжение Empty
ПишувањеПредмет: Re: Филмски франшизи со лошо четврто продолжение   Филмски франшизи со лошо четврто продолжение Icon_minitimeСре Мај 25, 2011 5:11 pm

I 3 prodolzenija se mnogu, a ne pa 4 !
Trilogija nekako ubavo zvuci Razz, ama cetirilogija NE !
Вратете се на почетокот Go down
https://sezase.macedonianforum.net
 
Филмски франшизи со лошо четврто продолжение
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
СЕ ЗА СЕ ! :: Филмови :: Новитети-
Отиди до: