Мајк Браун ќе го замени легендарниот Фил Џексон на клупата на Лос Анџелес Лејкерс. Според Јаху Спортс, Браун ќе потпише четиригодишен договор и ќе добие 18 милиони долари.Браун претходно го водеше Кливленд и за пет сезони имаше учинок од 272 победи наспроти 138 порази. Браун во 2007 година го доведе Кливленд до НБА финалето и беше прогласен за тренер на годината. Минатото лето беше отпуштен од Кливленд.
Покрај Браун во комбинација за прв тренер беа долгогодишниот помошник на Џексон Брајан Шоу и тренерот на Хјустон Рик Аделман. Но изборот падна на Браун кој што од минатото лето беше НБА аналитичар за ЕСПН.
„Зен мастерот“ Фил Џексон, сопственикот на 11 освоени титули во НБА како тренер на Чикаго Булс и ЛА Лејкерс, замина во пензија.