Веројатно еден од омилените цртани филмови ширум светот, Дизниевиот „Lion King“ „се враќа“ во 3Д верзија. Тродимензионалната верзија ќе биде реализирана во кината на 16. септември, оваа година.Одговорните од Дизни велат: „Чекањето заврши. За прв пат ќе можете да ги погледнете извонредните 3Д верзии на Дизниевите легендарни цртани филмови. Со спектакуларна дигитална слика, одличниот звук и импресивните бонус функции, ќе почувствувате љубов за универзалната класика, како никогаш претходно“.
Освен „Lion King“, најавена е и 3Д верзија на „Beauty and the Beast“.Оригиналниот цртан филм од 1994. година постигна огромен успех, вклучувајќи го и Оскарот за најдобра музика и песна - „Can You Feel The Love Tonight“ од Елтон Џон. Заработката од кино благајните изнесуваше 800 милиони долари.