Исхраната збогатена со редовно консумирање на спанаќ и броколи може да направи вистинско чудо за косата.
Очајно сакате да ја поправите состојбата на вашата коса. Пробавте речиси се, од скапи балсами за коса до најнови маски, но никако да го постигнете саканиот ефект.
Можеби тајната се крие токму во основата, во корените, а вие првото што треба да го сторите е да внесете некои продукти во исхраната кои се полезни за вашето влакно.
Според еден американски нутриционист доколку сакате да имате долга и цврста коса, внесувајте намирници богати со омега – 3манси киселини, како што се лососот и оревите. Тие ја зголемуваат цврстината на косата и го забрзуваат нејзиниот раст.
Продуктите богати со протеини, вклучувајќи ги јајцата, белата риба, живината и мешунките помагаат во зачувување на влакното и го спречуваат неговото разделување по краевите.
Исхраната збогатена со редовно консумирање на спанаќ и броколи може да направи вистинско чудо за косата. Овие намирници се богати со железо, кое го забрзува протокот на крв во скалпот и го одржува здравјето на фоликулите на косата.
Совет плус: Направете третман за хидратација еднаш во неделата. Маската нанесете ја на оштетената коса, потоа косата се покрива со пластична кеса. На тој начин се задржува топлината која овозможува состојките од препаратот подлабоко да навлезат во структурата на влакното.