Сината, зелената, кафеава, жолта и класична црвена боја се најмодерните бои за сезонава.
Сината боја е една од омилените на Џорџо Армани. Можеби затоа и ноктите на сите негови модели во Милано беа лакирани во сина боја.
Јасната црвена боја ја избра Moschino која стои совршено на кратки нокти со округла форма.
Златната боја е предпочитана од Holly Fulton. Таа е идеална за стилски вечери и ќе биде една од најмодерните во летната сезона.
Зелената боја е за храбрите дами кои сакаат да експериментираат. Ова сепак е бојата на пролетта и на природата во овј период кога се цвета. Оваа боја беше употребувана од страна на дизајнерот Alexandre Herchcovitch и ќе си остане модерна и во текот на летото.